Што мислите, колку минути во денот озборуваме?

30 мај 2019

Можете да кажете дека не сте во групата озборувачи, но факт е дека сите зборуваме за други луѓе, коментираме некоја нивна постапка или нивните животи. 

Магазинот „Social Psychological and Personality Science“ само го потврди тоа. Според нивното истражување, една личност дневно во просек троши 52 минути на озборување.

Поголемиот дел од луѓето делат информации за други луѓе од нивните животи. Тоа се вклопува во едноставната дефиниција на озборувањето: „Зборување за личност/и кои не се присутни во моментот“, а притоа не секогаш се работи за злобни гласини или понижувачки приказни. Ако се водиме по таа дефиниција, озборување е и кога ќе споделиме дека некоја роднина ни се мажи следната недела, или дека пријателката почнала да работи на ново работно место, па дури и дека ќерката има танцов натпревар.

Во споменатата студија се вели и дека во тие 52 минути озборување, поголемиот дел се безопасни, па дури и досадни детали од секојдневниот живот. Оттаму пак, се поставува прашањето, ако е така, зошто трошиме речиси час на неважни детали од животот на другите луѓе?

Според магазинот, се работи за основен човечки инстинкт, бидејќи нашите животи се длабоко вкоренети во групи. Не само што живееме во групи, туку и нашето преживување зависи од луѓето од тие групи.

„Затоа, потребни ни се што повеќе информации од луѓето околу нас, за да знаеме какви се, на кого можеме, а на кого не можеме да му веруваме, кој ги крши правилата на групата, кој со кого е пријател, какви се размислувањата на другите итн... “, вели Марк Леари, професор по психологија на Универзитетот „Дјук“, кој специјализирал за општествена и присхологија на личноста и додава:

„Ако мајката ви каже дека татко ви останал без работа, знаете дека ќе требате да најдете друг начин како да се финансирате за да можете да ги подмирите животните намирници и потреби. Ако колегата ви каже дека директорот ќе почне да отпушта луѓе, ќе почнете да се подготвувате на тоа да дека можеби ќе треба да  побарате друг избор на приходи и сигурност. Озборувањето е начин на преживување на човекот. Сепак, озборувањето не нè информира само за личноста која е тема на разговорот, туку и за личноста која озборува. Можеме да научиме какви се ставовите на таа личност, нејзините уверувања и како се однесува кон луѓето кога ќе сфатиме кој и за што озборува. Дури и да не се вклучиме во озборувањето, самото слушање на другите додека озборуваат ни зборува што ѝ е на таа личност важно, дали може да 1 се верува, дали знае да чува тајни и слично“.

На крајот, заклучокот од студијата е дека озборувањето ја подобрува соработката внатре во групата, а нејзините членови стануваат помалку себични. 

Сепак, потсетуваме, се работи за безопасно озборување, каде злобата, зависта и пакоста се оставени настрана. 

Објавено:
30 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
107 пати