Од вчера, жителите и посетителите на Цирих имаат можност да уживаат во едно неодоливо место - Музеј на чоколадото.
Не сме сигурни дали има некој што би можел да му одолее на чоколадото, а посетата на некој ваков објект за оние страствените љубители е како остварување на сонот.
View this post on Instagram
Конкретно, се работи за спекакуларно здание на компанијата „Lindt“, чиј комплетен назив е всушност „Lindt Home of chocolate“ и се наоѓа во седиштето на компанијата во Килхенберг (во близина на Цирих), а за истото велат дека во голема мера потсетува на фабриката на Вили Вонка.
Зад дизајнот на зданието се потпишуваат швајцарските архитекти „Крис и Гатенбајн“ и ги заслужува сите пофалби.
Во предворјето се наоѓа фантастичната чоколадна фонтана висока дури 9.3 метри и всушност е највисоката чоколадна фонтана низ која протекуваат илјадници литри течно чоколадо.
View this post on Instagram
Музејот или „Чоколадниот дом“ ја вклучува и најголемата продавница за Lindt чоколади на светот. Се простира на 500 метри квадратни и тука можат да најдат неверојатни вкусови, но и идеални подароци за сите љубители на чоколадото.
Покрај ова, се организираат и интерактивни тури, со помош на кои посетителите ќе можат да научат многу нови работи за историјата на чоколадото, а воедно да ги научат и тајните на мајсторите на занаетот.
Оние што се повеќе по уживањето, во рамки на зданието има и кафуле, каде има некои фини и вкусни специјалитети со споменатото чоколадо. Воедно, музејот нуди и разни работилници каде можете да направите и свое чоколадо.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фантастично зар не?