Силен детски џагор и многу насмеани лица на После Часови!

20 септември 2019

Многу насмеани лица, забава и силен детски џагор! Вака може да се опише атмосферата во Градскиот Парк на второто издание на После Часови овој викенд!

Овој викенд, сите деца и млади имаа можност да се забавуваат и да научат нешто повеќе на После Часови преку најразлични едукативни, спортски и музички содржини и активности. Сите имаа можност да уживаат во музика, танц, претстави одиграни од мали глумци, да бидат дел од спортски натпревари. Малите генијалци беа дел од активностите со роботи, брзо пресметување и мултитаскинг. Оние дечиња кои повеќе се пронаоѓаат во спортот имаа можност да научат нешто повеќе и да пробаат мечување, гимнастика, традиционални традиционални јапонски боречки вештини, зумба... А оние кои имаат уметнички афинитети, тие беа дел од разни танцови, музички и ликовни активности.

Преку фотографии, ви пренесуваме дел од атмосферата. Се гледаме догодина!

Објавено:
20 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
156 пати