Симпатична пикник колекција на Zara Home

27 јуни 2020

Во својата линија за уредување на домот, шпанската етикета Zara Home, неодамна лансираше и специјализирана пикник колекција.

Како што укажува и самиот назив, наменета е за да ви го направи пикник уживањето уште поубаво!
Шармантниот дизајн е споен со функционалноста, што е основен предуслов за допадлива, но истовремено и корисна и практична колекција.

Содржи различни сетови на садови, чаши и чини неопходни за совршен пикник, а надополнета е и со плетени детали како ретро кошничка за складирање на храната, како и плетена подлога за садовите.

Дел од изборот е прикажан преку фотографиите во продолжение.

 

 

Објавено:
27 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
291 пати