Симпатија на денот: Слаткото девојче од @sparklydaughter со своја верзија на „откачениот“ изглед на Кејти Пери

20 јануари 2020

Инстаграм профилот @sparklydaughter зад кој стои супер тандем на мајка и ќерка од Скопје, со своите креативни досетки и шаренило од иновативна содржина, стана препознатлив во друштвото на инстаграмџии токму по својот оригинален и позитивен концепт.

Во низата на забавни визуелни содржини, деновиве @sparklydaughter го освои вниманието и симпатиите на јавноста со уште еден нов пост: одлична имитација на „откачениот" изглед на поп ѕвездата Кејт Пери.
Се работи за ексцентричен сценски изглед на пејачката што вклучува фустан чиј дизајн е инспириран од изгледот на клавирот.

Репликата на @sparklydaughter е фантастична, а особено ако се земе во предвид дека сè што вклучува аутфитот е рачна изработка, потег и креативност што се за поздрав!

Ако ве интригира како е изработен костимот, на профилот беше објавен целиот процес.

Супер идеја како забавно да го искористите слободното време со вашите деца или пак предлог за следен костим за забава под маски.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sparkly Daughter (@sparklydaughter) onJan 19, 2020 at 2:28am PST

Објавено:
20 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.965 пати