Синот на Вивијан Вествуд ја запали меморабилијата на „Пистолс“!

28 ноември 2016

 Џо Кор, 48 годишниот син на дизајнерката Вивијан Вествуд и поранешниот менаџер на „Секс Пистолс“ Малколм Мекларен, во име на протест одлучи да ги запали сите меморабилии на панкот како и симболите на самото движење.

Од идеолошки аспект, демонстрирајќи го поп симболот на панкот како движење и давање до знаење дека панкот е дефинитивно мртов ,тој ќе запали колкеција вредна 5 милиони фунти.

„Време е за некои нови нешта ,да се запалат старите работи,да се најде некојa нова инспирација“, ќе изјави Кор. Ова тој ќе го направи во време кога се навршуваат 40 години од формирањето на „Секс Пистолс“.

Инаку во работите кои ги запалил се костимите на членовите на бендот, плочи, постери и други уникатни предмети.

Објавено:
28 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
155 пати
Извор: 
Buro 24/7.ru