Сите патишта водат кон Љубов – 19. „Љубовен базар“

14 ноември 2016

Овој петок, своето слободно време после работа, резервирајте го за 19-от по ред базар на ракотворби од домашни креативци, „Љубовен базар".

Традиционално и овој базар ќе се одржи во градското скопско кафуле Љубов.

Тука на едно место, своите фантастични ракотворби ќе ги претстават 12 талентирани креативци што својот талент го прикажуваат преку различни форми на рачна изработка.

„Повторно е тој дел од месецот, резервиран за Љубовниот базар енд ју ноу д дрил... Станувате сабајле, се расонувате, пиете пет-шеснаесет кафиња, одите на работа, работите, завршувате со работа и после тоа... Сите патишта водат кон Љубов, а таму - деветнаесетото по ред издание на Љубовниот базар и 12мина величенствени креативци, позитивниот и насмеан персонал на Љубов, мирисот на варено вино и пријатна и опуштена атмосфера во која ќе може да уживате во изложените дела и да си одберете и да си купите нешто по ваш вкус", ве канат организаторите.

Учесниците на овој базар се:

- Pocket Gallery
- Elena Ristovska
- Mei Ro
- Jasmina Glavinche со Wizart
- Gligor Kuzmanovski
- ATAMI
- Nikulec Pop-up Store
- JA маички
- Gjorgje Jovanovik
- M craft's
- Aleksandra Zinovski-Vilić Crafty Corner Accessories
- Karlo Horvat

Мотото на базарите е: #SupportTheArtist
Базарот ќе биде отворен од 17 часот.

Објавено:
14 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
357 пати