„Сите сме еднакви“: Пет нови сликовници за најмладите

17 октомври 2014

10733627_10204096151138290_468265410_n

Најмладите ќе можат отсега да уживаат во пет нови и возбудливи сликовници, на македонски и албански јазик, а во издание на ОХО. Промоцијата се одржа вчера во ОУ. „Лазо Ангеловски“, а сликовниците се дел од образовниот проект „Сите сме еднакви“ со поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Македонија, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието на Република Македонија.

Целта на проектот е да се ​​развие едукативен, воннаставен модел кој ќе промовира меѓуетничка и меѓукултурна интеракција и социјална врска меѓу децата од основно училиште (6-11 години) во Македонија.

Петте изданија можете да ги барате под следните наслови:

- „Голманот Риско“, автор Александар Прокопиев, на тема Тимска работа и фер игра.

slkovnica 3

 

- „Бендот на Петко“, автор Илина Јакимовска, на тема Права и одговорности во општеството.

slkovnica 2

 

- „Приказна за Ото, Ото и Ото“, автор Бистра Георгиева, на тема Еднаквост и човекови права.

slikovnica 5

 

- „Како Петко не си ги заврши обврските?“ - автор Билјана Петревска Малинова, на тема Права и одговорности во општеството.

 

- „Волшебната комета“, автор Николина Андова, на тема Почитување и различност во мултиетничко општество.

slikovnica 4

Објавено:
17 октомври 2014
Категорија: 
Култура