Скриени острови во Европа од чија убавина нема да може да се заситите

24 јули 2019

Иако сме некаде на средина на летото, некои од вас можеби сѐ уште немаат конкретен план за тоа каде да го поминат одморот, па денеска ќе ве запознаеме со природни убавини со кои нема да сакате да се збогувате.

Постојат некои острови во Европа за кои многу малку се знае и кои се вистински неистражени убавици, а се вистински рај во кој секој би сакал да ужива.

Токму за овие острови пишува познатиот сајт специјализиран за патувања Conde Nast Traveler кој за сите љубители на авантурите направи листа од неколку острови за кои ќе посакате да се спакувате веднаш.

Elba, Италија

italiarail

Елба е третиот најголем остров во Италија, и иако можеби на прва не ви звучи познато, на истиот ќе најдете совршени пејсажи што маѓепсуваат. Познат е како местото на кое Наполеон бил прогонет и полн со плажи од кои нема да посакате да си заминете.

Belle Le En Mer, Франција

air_france

Исклучително осамен мал остров во секогаш романтичната Франција, Belle Le En Mer е местото каде ќе уживате во највкусните морски специјалитети што некогаш сте ги пробале. Подеднакво уживање ќе биде и она во лековитата морска вода од која нема да сакате да излезете.

Vis, Хрватска

croatia_week

Ако сезонава планирате да одите во Хрватска, тогаш островот Вис е задолжителен за посета. Истиот е оддалечен на малку повеќе од два часа од Сплит и е магија која мора да ја доживеете. Уживајте во смарагдната вода на плажите на Вис и пробајте ги нивните познати морски специјалитети.

Sylt, Германија

До островот Силт на Северното море ќе дојдете по кратко возење со траект, но благодарение на шармантните плажи во комбинација со нежниот ветер никогаш нема да сакате да си заминете. На самата плажа има исклучителен бар од кој може да го гледате зајдисонцето како единствено искуство.

Gotland, Шведска

campus_gotland

До овој остров ќе стигнете со редовните линии со траект и летовите, а на истиот ќе најдете комбинација од магична природа, бројни кафулиња за уживање и неодоливи плажи.

Favignana, Сицилија

blog_-_casa_faro_favignana

Со тиркизна вода на секој чекор, овој остров е еден од омилените на познатите ѕвезди и инфлуенсери на денешницата, па така често ќе најдете фотографии од ова место на Инстаграм. Токму тука, во еден од најпознатите хотели ќе можете да го испиете утринското капучино како едно од највкусните во светот.

Magoeroya, Норвешка

cruisemapper_m

Норвешка е позната по прекрасните места како Лофотските острови, а ова е уште едно во низата од кое нема да ви биде доста. Тука можете да се шетате во шармантните селца и да доживеете неверојатни искуства со дивината.

Инфо: Elle.rs

Објавено:
24 јули 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
355 пати