Скупи Фестивал од 17. до 22. септември во Куршумли Ан

16 септември 2020

МТФ СкупиФестивал оваа година го одржува 14тото издание по ред, кое се одржува во Куршумли Ан во Скопска Чаршија. Фестивалот почнува на 17.09 и завршува на 22.09.2020. Сите претстави се со почеток од 20.00 часот. Фестивалот нуди значајни средби со претстави од странство, со што, денес, нуди и поглед во иновативниот театар желен за ризик и прогресивно размислување. Програмата на фетсивалот се состои од претстави, каде што новите тенденции во театарот не се единствено уметничка цел, туку се одвиваат и заедно со критичкото размислување за социјални и политички предизвикувачки прашања.
Структурата на програмата на Фестивалот се состои од официјална и придружна програма.

Во официјалната програма, професионални театри, независни театри, алтернативни театри, имаат можност рамноправно да се натпреваруваат, како што е Театар Миѓени од Скадар, Албанија со преставата „Црна кутија", Српски народен Театар со „Граматичко нарушување" , од Сараево, Босна и Херцеговина ни доаѓа „Целата моја љубов" на Сараевски Воен Театар, од Косовски Национален Театар „Будење на пролетта", Спам Студио од Софија, Бугарија со преставата „Кокошка", Театар Мергимтари од Загреб, Хрватска со преставата „Златна лопата" и на крај преставата „Дел од колекција" од Театар Вагабонди од Софија, Бугарија.


Како што беше и досега фестивалот има напреварувачки карактер, за ова едиција ке бидат задолжени актерката Амернис Нокшиќи Јовановска, Наташа Поплавска и Евис Халили.
МТФ СкупиФестивал неизмерно се заблагодарува на своите подржувачи , меѓу кои, Министерство за култура на Република Македонија, Град Скопје, Куршумли Ан Скопска Чаршија.

Организаторите на фестивалот ја повикуват публиката да го посети фестивалот од 17ти до 22ри септември 2020, во Куршумли Ан Скопска Чаршија.
Фестивалот ќе се одржи според протоколот за заштита од Ковид-19.
Бројот на публика е ограничен на 100 гости и е задолжително носење маски.

Преку својата програма фестивалот нуди поглед кон современи светски културни текови преку прикажување на иновативни и прогресивни претстави, како во театарскиот израз така и во способноста да поттикнат критичко размислување кон општествените и социјалните предизвици. Повеќе информации: http://www.skupifestival.mk/

Во прилог ја испраќаме програмата од фестивалот во електронска форма.

Објавено:
16 септември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
143 пати