Слушнете го првиот сингл на Никола Мицевски

20 април 2021

Еден од моментално најекспонираните македонски композитори, Николче Мицевски, или „Човекот музика“ како што го нарекуваат колегите, ја почести публиката со неговиот прв сингл насловен „Круг“.

Воедно, тој претставува убава најава за неговиот прв албум „New Era".

-"World Fusion" музиката од секогаш била моја инспирација. Горд сум на ова дело затоа што во него е собрано целото мое музичко и животно искуство. Животот е "Круг"... исполнет со разни нешта. Секој нареден почеток е ист како претходниот, но секој пат искуството (каменот) е поголемо и тоа не води кон врвот на тоа што сакаме да го имаме и постигнеме!

Од срце Благодарам на Даниел Јовески за генијалниот видео спот, кој на "Круг" му даде уште една димензија плус! Огромна благодарност на сите музичари кои се дел од овој проект, и секако посебна благодарност на Дејан Момировски ( XL студио). Благодарам на Андреј Папаз и сите оние кои се дел од оваа аудио и видео приказна наречена "КРУГ", вели Никола Мицевски.

Во продолжение погледнете го и слушнете го новиот сингл:

 

 

Објавено:
20 април 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
250 пати