Слушнете ја „Идила“ во изведба на Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски

2 јуни 2021

Како што и претходно најавија од „Авалон продукција“, денеска се случи премиерата на првата песна од новиот проект на Каролина Гочева со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

Песната се вика „Идила“ и е прва од единаесетте песни - преработки на едни од најубавите, подзаборавени композиции, чии оригинални автори се најмаркантните и најзначајни имиња во македонската забавна и џез музика: Драган Ѓаконовски- Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев и др.

Конкретно, композитор на „Идила“ е Драган Ѓаконовски - Шпато, пијано и аранжман - Дуке Бојаџиев, а на кларинет е секако, Исмаил Лумановски.

Уживајте!

 

Објавено:
2 јуни 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
848 пати