Совети од жена која зборувала 16 јазици – како полесно да ги совладате

13 август 2019

Колку повеќе странски јазици познаваме, толку сме побогати и имаме големи предности во различни животни ситуации.

Затоа, независно во која доба од животот сте, никогаш не е доцна да научите нов јазик.

Со цел полесно да го совладате, во процесот на учење нов странски јазик постојат техники што може да бидат од полза.

Като Ломб, била позната унгарска професионална преведувачка, полиглот, која зборувала дури 16 јазници.

Во текот на својата кариера таа стекнала богато искуство благодарение на кое издвоила неколку основни техники и правила како полесно да го совладате јазикот што го учите.

Во продолжение сублимираме неколку значајни совети што може и вие да ги примените во вашиот образовен процес:

-Секојдневно вежбајте го јазикот, барем 10 минути дневно

-Добра замена за читање е да го учите јазикот преку слушање радио, музика или преку жив разговор

-Запишете или запаметете ги „готовите фрази" што често се користат

-Потрудете се секојдневно да преведувате сè што е возможно: билборди, натписи, случајни разговори...

-Читајте само правилно напишани содржини. Граматичките или правописните грешки често може да ве збунат

-Гледајте филмови на јазикот што го учите, без превод

-Не плашете се од разговор, ниту од грешки при разговорот, туку барајте да ве поправат

Като Ломб имала една едноставна формула според која лесно ги совладувала јазиците:

потрошено време + камата / ограничување (страв од грешки) = резултат

Применете ја и кажете ни дали вие го постигнавте резултатот.

 

Објавено:
13 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.928 пати