Совршени Диор креации во новиот филм на Педро Алмодовар

20 август 2016

Во новата драма на познатиот шпански режисер Педро Алмодовар, покрај одличната глума на актерите и добрата приказна, ќе можете да уживате и во фантастичните костими кои модната куќа Диор ги изработи специјално за филмот.

Филмот „Џулиета“ на Алмодовар беше прикажан на Канскиот филмски фестивал, а во истиот ќе видите три куси приказни од канадската писателка Алис Мунро, кои режисерот ги спои во една.

Иако на почетокот тој планирал филмот да го снима во Америка со Мерил Стрип во главната улога, сепак на крајот се одлучи за шпанска верзија.

Филмот говори за Џулиета, мајка која се присетува како го запознала својот сопруг со кого има и ќерка и како мажот потоа трагично починал, по што ќерката ја напуштила и никогаш повеќе не се вратила.

Токму тоа е главната тема на оваа нова драма на шпанскиот писател, односно болката и тагата кои се појавиле по неочекуваното заминување на ќерката и соочување на мајката со целата ситуација.

Улогите во филмот ги толкуваат Ема Суарез, Адриана Угарте, Даниел Грао, Мишеч Џенер, Роси де Палма, Инма Кеста, Дарио Грандинети, а актерката Мишел Џенер во филмот се појавува во неодоливи Диор креации.

Во една од почетните сцени таа носи црно – бела ролка од колекцијата есен/зима 2015 година, а подоцна се појавува во фантастичен црвен костим дискретно надополнет со Диор обетки и чанта.

Она што особено воодушевува во филмот се сите фантастични креации што актерките ги носат, а доаѓаат од многу познати куќи меѓу кои и Селин и бројни брендови кои завршија одлична работа.

Погледнете го трејлерот за филмот во продолжение додека ја очекуваме премиерата многу наскоро.

Објавено:
20 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
439 пати