Совршено за фотографија: Инстаграмџии полудеа по „Руските Малдиви“

7 август 2019

Совршено за Инстаграм, но не и за здравјето. Вака некако би можела да се опише новата атракција на модните блогери и останатите Инстаграмџии.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KURIER (@kurier) onJul 18, 2019 at 9:34am PDT

 Се работи за езеро во околина на Новосибирска, кое на прв поглед ќе ве восхити со својата тиркизна боја, поради која и го добива името „Руски Малдиви“. Всушност, не се ни работи ниту за природно ниту за вештачко езеро. Тоа е дупка, ископана за потребите на термоелектрана.

Со самото тоа, тиркизната нијанса не е последица на природен феномен, туку резултат на допирот на водата со хемикалии. Токму затоа е и забрането бањање во водата. Поточно, се работи за  пепел која се истура од локалниот производител на јаглен. Копмапнијата СГК која е и сопственик на фабриката, гледајќи каков замав и популарност зема езерото, го објави својот став преку социјалните мрежи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alex (@tweezer_nsk) onJul 3, 2019 at 7:15pm PDT

 „Шетањето по депонијата може да се спореди со шетањето по рабовите на вулканите. Значи, опасно и непотребно. Ве молиме да не ја користите депонијата во комерцијални цели“, велат од компанијата.

Како објаснуваат, индустриската вода во езерото има тиркизна боја поради топењето на металните оксиди и оксиди на калциум. Високата минерализација може да предизвика алергиски реакции, а се раширија приказни и дека депонијата е радиоактивна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Анна (@gayvoronskih) onJul 11, 2019 at 9:35pm PDT

 Сепак, последната информација не е точна, но секако, пливањето не е забрането.Исто така, се појавија тврдења дека растенијата што доаѓаат во допир со водата се сушат и умираат.

„Што се однесува до радиоактивноста, тоа не е вистина. Депонијата не е отровна, ниту пак тука летаат тиркизни галеби и не умираат растенија. Радиоактивност нема, а тоа го потврдија две независни лаборатории. Сепак, алергиски реакции на кожата се можни. Не препорачуваме да се плива во него, бидејќи дното на езерото е жива кал, па човек не може сам од него да се извлече.Затоа ве молиме во желбата да го збогатите својот фотоалбум, не паѓајте во калта. Во тоа е и најголемата опасност“, потенцираат од компанијата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Newsbomb.gr (@newsbombgr) onJul 18, 2019 at 12:24pm PDT

 Инфлуенсерите пак, не обрнуваат многу внимание на ова, така што популарноста на езерото не се намалува, напротив таа оди дотаму што Руските Малдиви имаат и свој Инстаграм профил.

„Му приоѓаш на езерото и во нос те удира мирис на прашок за перење, хемиски раствори. Кога се спушташ накај езерото, мирисот исчезнува, но секако немаш ни желба да влезеш во таква вода. Чувствуваш дека нешто не е во ред“, вака го опишува езерото локалниот новинар Михаил Решетњиков.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by iAgua (@iagua_es) onJul 15, 2019 at 1:33am PDT

 Се смета дека депонијата е длабока околу два метра, а да е поплитка веројатно и не би ја имала бојата која привлекува илјадници туристи.

Пристапот е лесен и покрај предупредувањата не е забранет, ниту пак некаде пишува дека е отровно и оддалечена е само 10 минути од градот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @zheleznova.marina onJul 5, 2019 at 9:48pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KURIER (@kurier) onJul 18, 2019 at 9:34am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Роман Фотограф (@roman_foto_nsk) onJul 14, 2019 at 7:47pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by IRINA_BUYMOVA (@anaconda) onJul 14, 2019 at 6:35am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@kb.ecology) onJul 9, 2019 at 11:07pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andersen Kizzie (@andersen_kizzie) onJun 23, 2019 at 8:33am PDT

 

 

 

 

 

 

Објавено:
7 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.678 пати