Сплит во 80-те: Ретро улична мода

21 мај 2022

Диверзитет, карактерност, природни и насмеани млади луѓе... Фотографиите на култниот сплитски фотограф и репортер Фјодор Феѓа Клариќ направени низ улиците на Сплит во 80-те, документираат што во својата суштина значи улична мода.

И тогаш постоеле популарни трендови, но секој ги интерпретирал на свој начин без нималку да наликува на друг.

Индивидуалноста е изразена, секој личи на себе и тоа е тоа што ја прави уличната мода, социјално и културно обележје на едно време, на еден град и на една генерација.

Низ фотографиите направени пред повеќе од 30 години, ќе забележите трендови актуелни и денеска.

Неонски бои, џинс со висок струк, предимензионирана облека...

Модата е во постојана циркулација, но она што и дава вредност и печат сме ти и јас, индивидуалноста и својственоста.

А токму тоа е забележано и засекогаш врамено во фотографиите од Феѓа Клариќ.

Фото: Феѓа Клариќ

 

Објавено:
21 мај 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
5.193 пати