Спокојот и убавината на јоргованот

30 март 2020

Пролетта е една од најживописните сезони поради тоа што во нејзините календарски рамки процветуваат најубавите цвеќиња. Јоргованот е меѓу најраскошните.

Постојат над 1000 видови со различна големина и цветови, а вообичаено цветаат од април до мај.
Тие што имаат дворови со садници со јорговани може да ја уживаат привилегијата на спокојот и убавината со која шармира, а останатите што ја немаат таа прилика, може нота од таквиот спокој да донесат во својот дом преку различни варијанти на аранжмани или букет со јорговани.

При одржувањето на цветовите во домашни услови, важно е да се напомене да се чуваат во вода на индиректна сончева светлина.

Препуштете се на вашата имагинација и креативност, како јоргованот би добил централно место во пролетно-летниот амбиент во вашиот дом.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
30 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.390 пати