Според Британците „Klaus“ е најдобриот божиќен филм

18 декември 2020

Декември, помеѓу другото, е и месец на маратонско гледање празнични филмови. Но, ако можеби немате идеја, тогаш оваа вест може да ви послужи како инспирација.

Имено, момчето чие име е Нидо Стјудент, одлучил да ги собере податоците од филмските сајтови IMDb, Rotten Tomatoes, како и пребарувањата на „Гугл“ за празничните филмови снимени во Велика Британија и дошол до следните резултати:

Првото место на листата со 92/100 поени е за анимираниот филм „Klaus“ од 2019 година, идеален за топла семејна дружба. За оние што не го гледале, дејството го следи животот на поштар кој како најлош ученик во историјата на своето училиште, ќе биде упатен во град на северот каде се сокрива Дедо Мраз.

Второто место е за филмот „A Wonderful Life“ од 1946 година. Ова не изненадува, бидејќи приказната навистина го поправа расположението, ја враќа вербата, надежта во семејството. За потсетување, главниот лик Џорџ Бејли сака да си ги скрати маките, но ангелот чувар го спасува. Тој му покажува како би изгледало местото каде што живее, да не се неговите добри дела. 

А во продолжение погледнете ја и комплетната листа, која може да ви даде идеја во кој филм да уживате уште вечерва:

Објавено:
18 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.292 пати
Тагови: 
божиќен филм Klaus