Спотови во кои се појавиле познати модели

28 мај 2020

Познатиот модел Клаудија Шифер неодамна изјави дека тоа што одбила да се појави во спотот на Џорџ Мајкл, подоцна сфатила дека била голема грешка. Песната „Freedom“ во која се појавуваат нејзините колешки Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон и Татјана Патитц.

И тоа не е единствениот пат познати модели да се дел од музички спотови.

Ние одвоивме уште неколку такви и во продолжение ви ги презентираме:

Џиџи Хадид во "How Deep Is Your Love" на Келвин Харис

Иако во тоа време тој се забавуваше со Тејлор Свифт, познатиот модел сепак се најде во видео-записот за популарниот хит од 2015 година.

 

Џордан Дан, Џоан Смолс и Шанел Иман ѝ беа поддршка на Бијонсе во спотот за песната "Yoncé".

 

Џиџи Хадид, Марта Хант, Лили Алдриџ, Карли Клос и Кара Делевињ, ова е екипата која се најде во видео-записот на Тејлор Свифт за „Bad Blood".

 

Бела Хадид е во спотот за песната "In The Night" на The Weeknd.

 

Карли Клос облечена во „Версаче“ е главното лице во спотот на CHIC за „I'll be there“.

 

Алесандра Амбросио, Криси Тиген, Гема Вард, Тара Лин, Девон Аоки, Анџела Линдвал, Исабели Фонтана, Амбер Валета и Наташа Поли се девојките кои беа одбрани да бидат во спотот за песната „ "M.I.L.F.$", во изведба на Ферги.

 

Ешли Грем е главното женско лице во спотот на DNCE за песната „Toothbrush“.

 

Криси Тиген во спотот за песната „Stereo“ во изведба на нејзиниот сопруг Џон Леџенд.

 

Миранда Кер во спотот „You're the Boss“ на Боби Фокс.

 

Шанел Иман е во спотот на Ашер за песната „Dive“.

 

Летиција Каста е во спот со Ријана за хитот „Te Amo“.

 

Стефани Сејмор во “ "November Rain".

 

Иман во  "Remember the Time" на Мајкл Џексон.

 

Кристи Бринкли во култната „Uptown Girl"

 

 

 

Се сетивте ли можеби на уште некој?

Објавено:
28 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
359 пати