Среќен роденден Тоше! Колку ќе беше убав денес, на 40 години!

25 јануари 2021

Нема девојче тие години кое не сонуваше за неговите убави очи. Нема човек што не ги пееше неговите песни. Немаше такви кои не го сакаа, ниту онакви кои не пуштија солза кога почина.

Македонската легенда Тоше Проески, денес на 25 јануари, ќе дуваше 40 свеќи на тортата.. Во „Вртелешка“ каде последен пат зборуваше за сè што му лежи на срце, помеѓу друго, на шега се зборуваше за тоа колку бил згоден и како би изгледал на 40 години.Сигурно ќе изгледаше одлично на 40. Ќе го задржеше оној неверојатен шарм и насмевката која топи. Ќе беше пријатен, смирен, внимателен. Олицетворение на праведност, чистина, среќа, скромност, љубов.

По повод неговиот роденден, во Загреб вчера се одржа молитва, додека во Скопје, во АРМ ќе се одржи крводарителска акција по 17 пат.

Иако денес го нема, неговите вредности остануваат со нас, а луѓето со жалење и многу љубов се' уште го слават неговиот лик и дело. 

Ќе беше прекрасен на 40, во секоја смисла!

Среќен роденден!

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Fan Club (@toseproeskimacedonia)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Anita Daeva (@anitadaeva)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@pjesma.zivota)

Објавено:
25 јануари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
876 пати
Тагови: 
Тоше 40 роденден