Среќен роденден Тоше наша ѕвездо незгасната

25 јануари 2023

 

Денес е тој ден, твојот ден, еден од многуте, но овој е посебен. Јануари 25-ти, твојот роденден Тоше, наш најголем непребол.

Ќе кренеме сите раце високо, ќе направиме ѕвездено небо, ќе ти посакаме да не чуваш од горе. 

Толку многу добрина, толку многу човечност и љубов, љубов кон сите, вистинска, искрена...тоа си ти Тоше и засекогаш ќе бидеш. 

Денес повторно ќе си приспомнам кога прв пат те видов, таму горе на Гумење, младо момче во толпата, прекрасен, единствен. 

И очите повторно ми се полнат со солзи, ама денес нема да плачам, ќе пеам со твоите песни, ќе го славам твојот роденден. 

 Денес срцата нека ни бидат полни со љубов, со благодарност што те имавме тебе голем човеку, и уште те имаме, знај тука си, со секоја твоја песна, со секој збор што добронамерно го кажа, со споменот на ликот твој што никогаш нема да згасне.

Среќен роденден Тоше наш!

Фото: Pinterest

Објавено:
25 јануари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
212 пати
Тагови: 
Тоше