Сто ретки модели на Лајка фотоапарати на аукција

16 мај 2014

Австриската аукциска куќа WestLicht, на 23 мај организира аукција на 100 ретки модели на фотоапарати Лајка и предмети поврзани со историјата на компанијата.

Претстојната аукција е посветена на стогодишнината од првиот Лајка фотоапарат, кој што во тоа време го промовираше компанијата Leitz. На аукција ќе се најдат и фотоапарати што низ годините биле користени од страна на најпознатите светски фотографи, а меѓу нив Хенри Картие Бресон, Елиот Ервит, Рене Бури и други. Аукцијата ќе се одржи во комплексот Leitz Park во Германија. Се очекува овие историски модели на фотоапарати да достигнат и цени повисоки од 300.000 илјади евра.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Култура