Приказни од градот

Струмичани си организираа вечер посветена на „Pink Floyd“ на „Цареви кули“

5 октомври 2019

Самоиницијативно група граѓани на Струмица, фанови на музиката на „Pink Floyd" неодамна си организираа вечер посветена на култниот бенд, на познатиот локалитет „Цареви кули" или како што го нарекуваат „Струмичкото Кале".

Со идеја да покажат дека вакви историски локалитети во нашата земја може функционално да се искористат за подигнување на нивото на културната сцена, меѓу другото и со организација на вакви алтернативни настани, струмичани успејаа да го привлечат вниманието на јавноста, истовремено уживајќи во музиката на „Pink Floyd".

Но, ваквото задоволство ги чинело сериозна неколкудневна организација, која подразбира остварување на сите технички предуслови за реализација на настанот, што вклучува дури и агрегатори за струја, видео бимови, озвучување, а покрај сето тоа и фантастично осветлување што дополнително придонело за магичната атмосфера.

Во органзацијата биле вклучени и продукциската куќа „Шоутајм" и специјализраната агенција за озвучување и осветлување ,, Риверсаунд", што укажува на сериозноста на овој ентузијастички подвиг чии главни иницијатори се Кире Пиличев и Ѓорги Кончалиев.

Браво за оваа идеја! Очекуваме уште поголема масовност на следниот настан.

Фото: Ѓорги Кончалиев

Објавено:
5 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
209 пати