Супер стилски марами за миленици – специјализирана линија на ЕЛЕНА ЛУКА промовирана на роденденската забава на Луна Пет Шоп

30 мај 2023

Рачно насликани, со интересни пораки и во десетина различни уникатни модели – новата специјализирана линија марами за миленици на ЕЛЕНА ЛУКА беше одлично изненадување за сите кои чуваат миленици и присуствуваа на роденденската забава на Луна Пет Шоп, добро познатата продавница за миленици која викендов го прослави 7-от роденден.

Во супер забавна и позитивна атмосфера, со слатка маса за кучиња, со 7 свеќи на роденденската торта и во одлично друштво на миленичињата и нивните сопственици, ЕЛЕНА ЛУКА ја промовираше линијата марами за миленици кои со досетливите и интересни пораки и впечатливите дезени, се љубов на прв поглед.

Сите марами се рачно изработени, украсени со интересни детали и насликани со шарени мотиви, а роденденската забава на Луна Пет Шоп беше совршена прилика сопствениците да ги одберат омилените модели за своите миленици и да позираат за нашиот фото објектив.

Марамите се достапни во продажба во спцијализираната продавица за миленици, а секако може да ги нарачате и онлајн на профилите на социјалните мрежи на ЕЛЕНА ЛУКА.

Веќе 7 години Луна Пет активно се залага за доброто на милениците со едукации на социјалните медиуми, информирање на сопствениците како и правилно да ги чуваат своите миленици. Затоа ова е специјализирано катче во кое сите се секогаш добредојдени со висок квалитет на производи кои се залагаат за добар живот на нашите миленичиња.

 

Објавено:
30 мај 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
88 пати