Суперхероите ги изненадија децата од Клиниката за детски болести

14 декември 2019

Вчера Суперхероите претпразнично ги посетија децата-пациенти на Клиниката за детски болести во Скопје и измамија бесценети насмевки!

Иницијативата која им го разубави денот на малите пациенти, по втор пат ја организира и спроведува Црвен крст на град Скопје, со цел да им донесе дел од празничната магија на децата.

Членови на тимот, маскирани во омилените ликови од стриповите, ја изведоа вежбата спуштање по јаже, пред очите полни возбуда на хоспитализираните деца.

Децата имаа прилика и да се фотографираат со нивните омилени јунаци, а како изгледаше нивната дружба, ви пренесуваме низ фотографиите во продолжение.

Фото: @Црвен крст на град Скопје

 

Објавено:
14 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
5.725 пати