Светско, а наше: Славица Ангелова блеска во Елена Лука во спотот за „Сакам сè“

11 јануари 2021

Викендов на денот на својот 19-ти роденден, младата и талентирана Славица Ангелова онлајн го промовираше видео записот за нејзината нова песна „Сакам сè", како најава за убав старт на новата година.

„За мојот роденден ви подарувам парче музика од мојата душа. За надеж, за светлина, за поубава година за сите нас", вели младата артистка со вонсериски вокал, во најавата за сентименталната „Сакам сè".


На спотот и песната работеше проверена екипа, а резултатот несомнено е светски, за што имате прилика да посведочите и вие.

Како комплетен автор на песната и режисер на спотот се потпишува Темелко Андреев, додека Елена Лука е заслужна за перфектниот стајлинг во кој Славица блеска, а моќно и стилски го заокружува визуелниот дел на приказната.

 „Прекрасна во стајлинг од #ElenaLuka, Славица заблеска во видео записот на „Сакам сè". Одличен вокал, млада докажано квалитетна интерпретаторка која е високо вреднувана со титули на музички натпревари во земјата и надвор! Само напред Славица Ангелова. Секое твое наредно дело е се подобро... Одиме заедно кон уште поголеми успеси. Love you girl", г-ѓа Елена Пандева на социјалните мрежи упати искрена поддршка за нашата талентирана пејачка.

г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на Елена Лука

Нејзината моќна изведба добива силен визуелен ефект благодарение на авангардите аутфити што го носат бренд идентитетот на Елена Лука, а со тоа целината на спотот е комплетна и вредна за внимание. Есктравагантните креации од ексклузивната линија на Елена Лука во кои е стилизирана Славица, се репер како домашната сцена може да изгледа светски. Едната варијанта вклучува макси, двослојна тоалета што со целиот уникатен и рачно изработен дизајн асоцира на стариот холивудски гламур. Додека другиот аутфит, е дефинција за урбана авангарда, фустан во деликатен и волуменозен крој со карнери акцентирани со брендирани траки.

„За секој артист е од огромно значање да се чувствува самоуверено на сцена, а стајлингот да биде во склоп со целата идеја на спотот и песната. Благодарение на Елена Лука се чувствував како модерна принцеза и уживав во секој момент додека го снимавме видео записот", додава Славица.

Секој од аутфитите идеално е комплетиран со соодветна сценска шминка (мејкап артист Андријана Станковска) и авангардна фризура (Александар Тошев), а синхронизираниот танц на талентираните танчари од „ Eat the beat" автентичното доживување на спотот и песната ги прават комплетни.

Уживајте!


Објавено:
11 јануари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
339 пати