Тамара најавува два концерта под отворено небо

5 јули 2021

После долго време, Тамара Тодевска најавува два спектакуларни концерти под отворено небо.

Нејзините хитови ќе ги пее заедно со публиката која ќе дојде во Охрид и на Хераклеа.

Датумите се веќе познати, а од организацијата велат дека ќе бидат испочитувани сите превентивни мерки против Ковид-19.

Концертот во Античкиот театар во Охрид е закажан за 29.07. 2021 со почеток од 22.00 часот, додека пак,

концертот во Античкиот театар Хераклеа е закажан за 01.08.2021 година со почеток од 21.30 часот.

Влезниците за двата концерти се пуштени во продажба од денека, 5 Јули, на следните места:


Скопје: Литература МК (Skopje City Mall, Буњаковец, Веро центар, улица Македонија, ГТЦ приземје, Ramstore mall); Универзална сала; бензинските на Макпетрол (Козле, Порта Влае, Илинденска); Југотон ГТЦ 1кат; Билетара на национална арена.
Велес: Унисон;
Прилеп: ТА Бран;
Куманово: Тобако Агора;
Тетово:Гранд Тобако, Тобако Монако;
Гостивар: Тобако Вона Пет;
Охрид: ТА Вис Пој;
Битола: Литература МК,
Или онлајн на МК Tickets на следните линкови:
https://mktickets.mk/event/tamaraoh/
https://mktickets.mk/event/tamarabt/

 

 

Објавено:
5 јули 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
270 пати
Тагови: 
Тамара