Teenage Riot концерт во хуманитарен поход

21 март 2017

'Cause it's getting kind of quiet in my city head

It takes a teenage riot to get me out of bed right now

-Teenage Riot, Sonic Youth

Задоволство ни е да ве информираме дека група на ученици од Меѓународното училиште „НОВА" ќе организираат хуманитарен концерт насловен „TEENAGE RIOT", за помош на Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака", кој ќе се одржи на 12 април, со почеток од 19 часот, во Денсинг салата на Младинскиот културен центар во Скопје.

На овој настан учество ќе земат и повеќе познати македонски бендови:
АРЕА
PMG Кolektiv
MILLKO
FUNK SHUI
KHARA
и LINCOLN LETTER.

Специјално изненадување на вечерта ќе биде настапот на корисниците од дневниот центар „Порака" заедно со бендот FUNK SHUI.

Хуманитарниот концерт е дел од проектот ЦКА- ПХВ (Црвен Крст во акција- Промоција на хумани вредности), кој се реализира во соработка со Меѓународното училиште „НОВА".

Цената на еден билет во претпродажба ќе чини 250 денари, додека на денот на концертот на врата ќе чини 300 денари.
Билетите може да се набават во сите продажни места и онлајн на Купи Карти За Се, а и на билетарата на МКЦ
од Четврток, 16.03.2017.

Собраните средства од влезниците ќе бидат донирани во Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака".

Инаку, програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.

Имплементацијата на програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) оваа година e овозможена со поддршка на Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Објавено:
21 март 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
130 пати