„Темната“ страна на Рос од „Пријатели“

18 август 2016

„Пријатели“ е една од култните серии што и сто пати да ги гледате ќе ви бидат интересни како и првиот. Секој од нас имаше омилен лик, а магазинот „Холивуд репортер“, неодамна направи интервју со Дејвид Швимер (50) најпознат по улогата на Рос, кој после долго време зборува за неговото искуство со серијата и темната страна што со себе ја носел ликот на Рос.

Во интервјуто зборува и за тоа зошто ја одбил улогата на Вил Смит во „Men in Black“, како и зошто одлучил да се врати на телевизиските екрани играјќи го таткото на Ким Кардашијан.

Дел од разговорот ви пренесуваме во продолжение:

„Швимер е роден во Њујорк, а пораснал во Лос Анџелес. Но, неговото срце отсекогаш припаѓало на Чикаго, каде што и студирал и се вљубил во актерството.

-Кога дипломиравме, бевме катастрофа – се присетува Швимер, кој е еден од основачите на „Lookingglass Theatre Company“, за која ќе каже дека е една од најстабилните уметнички домови за него.

На сугестија на менаџер дека би можел да заработи многу пари за многу кратко време – пари што Дејвид сакал да ги вложи повторно во неговата театарска куќа, се впушта во шоу-бизнисот. Но, наместо тоа, тој потрошил седум години мачејќи се со состаноци што честопати завршиле уште пред да почнат, работејќи како келнер во разни ресторани и добивајќи по некоја мала улога на телевизија.

-Бев толку исфрустриран и обесхрабрен – вели Швимер.

Но, работите се менуваат кога Дејвид Крејн и Марта Кауфман ќе го видат на аудицијата за пилот епизода која никогаш не е објавена во јавност, и за него ја создаваат улогата на Рос Гелер за нивното следно шоу, „Инсомнија кафе“, кое подоцна ќе стане „Пријатели“.

Серијата почнува да се емитува на „Ен-Би-Си“ во 1994 година и веднаш постигнува огромен успех, привлекувајќи преку 52 милиони гледачи. Тоа го лансира него и неговите колеги во познати личности преку ноќ, што за тогаш 27-годишниот Швимер, воопшто не било лесно.

-Тоа беше прилично впечатливо и ги промени и помеша моите односи со другите луѓе, така што ми требаа години за да се прилагодам на состојбата и да ми стане „удобно“ во таа кожа. Како актер, начинот на кој што бев учен, мојата работа беше да го набљудувам животот и другите луѓе, па одев наоколу со главата нагоре, прилично посветен и гледајќи луѓе. Ефектот на тоа да си познат е апсолутна спротивност од тоа. Ме направи да сакам да се скријам со бејзбол капа и да не бидам виден. После некое време сфатив дека јас повеќе не ги гледам луѓето. Се трудев да се сокријам. Па се обидов да сфатам – како да бидам актер во овој нов свет, во оваа нова ситуација? Како да ја работам мојата работа? Да набљудувам? Тоа беше сложено – раскажува актерот.

Дејвид подоцна сфаќа дека телевизиската слава е различна од сите останати. Актерите се пренесуваат во дневните соби на гледачите како еден ист лик и тоа долго време.

-Тоа прави да живееш со некој 10 години, да бидеш на некој начин дел од семејството. Кога си на пример, голема ѕвезда во филм, границата е поинаква, помала, односно подалечна. Ги гледаш актерите во друг простор, со многу други луѓе на голем екран и гледаш како нивните улоги се менуваат во секој филм, најчесто. Тие се различни луѓе во различни ситуации, додека во нашето шоу јас сум истото момче 10 години, па можете да се поврзете со мене, на начин како да ме знаете или да мислите дека ме знаете – објаснува Дејвид.

Уште еден момент од овој тип на успех е што многу луѓе – и надвор и во бизнисот – имаат потешкотии да те видат како актер со широки можности, туку најчесто те врзуваат со ликот по кој си станал познат и стануваш како прототип за такви улоги.

-Бев многу свесен од моќта на успехот во серијата. Затоа и уште додека се снимаше „Пријатели“, јас размислував за животот после оваа серија – вели актерот.

После следењето на славните режисери на серијата и поддршката и „дозволата“ од колегите, Швимер режира 10 епизоди од шоуто.

И за време на паузите, кога прифаќал и други улоги, како на пример оние во филмовите „The Pallbearer“ или сериите како „Band of Brothers“, перцепцијата на публиката била различна.

-Се надевав дека тоа што се појавувам на филм ќе помогне да го сменам мислењето на дел од луѓето, иако знаев дека добар дел од публиката ќе го види Рос во Втората светска војна – искрен е Дејвид.

Додека траат „Пријатели“, Швимер го режира и филмот „Since You’ve Been Gone“, како дел од Lookingglass Theatre Company , одбивајќи ја улогата во„Men in Black“, која подоцна ќе му припадне на Вил Смит.

-Тоа дури не беше ни избор. Знаев дека тоа не е за мене – вели актерот.

Откако во 2004 година „Пријатели“ завршува, тој режира уште неколку филма, независно, како „Run, Fatboy, Run“ во 2007 и „Trust“ во 2010 година, а има и неколку појавувања во тв-серии.

Но, останува доследен во одлуката да не работи повеќе на серии, преферирајќи да го стави фокусот на други уметнички проекти и неговото семејство. Во 2010 година стапува во брак со Британката Зое Бакмен, а следната година ја добиваат ќерката Клио.

Дејвид со семејството

Она што го врати Швимер назад на тв-проектите  е талентот на луѓето што се дел од „The People v.s O.J. Simpson“, како и уверувањето дека ќе се соочи со негова лична проблематика.  

Создавачот на серијата, Рајан Марфи, му кажува дека цели кон нешто што наликува на филмот „Network“ од 1976 година.

Дејвид Швимер како Роберт Кардашијан

-Тоа, повеќе од сѐ друго, ме предомисли – искрен е актерот.

Инаку, пред да се вклучи во проектот, тој воопшто не знае кој е Кардашијан, но чита книги, гледа видеа и прави онлајн истражувања за што подобро да го толкува ликот.

-Нешто што најмногу ми помогна од сѐ е разговорот со вдовицата на Кардашијан, Крис Џенер. Разговорите траеја со часови. Таа ми даде неколку совети. Кардашијан имал неколку кризи на доверба и верност - изјави актерот.

Оваа нова улога му носи нова „Еми“ номинација, долги години после „Пријатели“, што веројатно е нова страница во професионалната кариера на Швимер.

 

Објавено:
18 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.874 пати