Тијана Дапчевиќ во елегантно издание: Класика по мерка на Елена Лука

14 ноември 2019

Вчеравечер во Националната опера и балет, симболично се одбележа 13. Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со доделување на почесните награди што го носат истиот назив, на граѓани што со својот труд и творештво придонеле за развојот и севкупниот напредок на градот.

Во забавниот дел на програмата на сцената на НОБ настапи и нашата уметница Тијана Дапчевиќ, која покрај од музички, секогаш е атрактивна и од моден аспект, благодарение на јасно дефинираниот имиџ во кој препознаваме исклучителен шарм, индивидуалност и зрела естетска перцепција.

Во соработка со модниот бренд Елена Лука, нејзините сценски настапи се секогаш впечатливи и во визуелен контекст.

Така беше и овој пат, во едно елегантно и грациозно издание што вклучува дводелен црн костум, со дискретен детаљ, што го носи потписот на нашиот бренд Елена Лука.

Овој безвременски изглед може да ви послужи и како инспирација за различни прилики, кога сакате да постигнете женствен, моќен, префинет изглед.

Во комбинација со високи потпетици елеганцијата е неминовна, но овој аутфит може да добие и поинаква, урбана нота ако го комбинирате со бели патики, што важи за светска тенденција.

 

Објавено:
14 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
778 пати