„Time“ им посвети 100 насловни страни на жените што ја променија историјата

7 март 2020

Сто насловни страни во чест на 100 жени што ја променија историјата во период од 1920 година до денес, е проектот насловен „100 Women of the Year" преку кој магазинот „Time" им оддава почит на жените во пресрет на нивниот Меѓународен ден, 8. Март.

Секоја насловна страна е илустрирана со ликот на жената која според магазинот ја обележала конкретната година во изминатото столетие, ставајќи ги во фокусот нивното влијание, борба, иновативност и придонес кон општото добро и позицијата на жените на секое ниво.

Магазинот „Time" 72 години бираше Маж на годината. Историјата се промени во 1999 година, кога изборот се преименува во Личност на годината, со што се отвори можноста и жените да учествуваат, како чекор напред кон рамноправност на половите.

Во изборот на магазинот на насловните страни се најдоа и Лејди Ди, Мадона, Маргарет Тачер, Вирџинија Вулф, Фрида Кало, Мишел Обама, Џеки Кенеди, Арета Френклин, Индира Ганди, Опра, Бијонсе...

 Сите насловни може да ги погледнете тука.

Извор: Time

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time) onMar 5, 2020 at 10:26am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time) onMar 5, 2020 at 6:11am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time) onMar 5, 2020 at 7:45am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time) onMar 5, 2020 at 9:15am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time) onMar 5, 2020 at 12:09pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIME (@time) onMar 5, 2020 at 1:15pm PST

Објавено:
7 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
995 пати