Тони Зен, „Флека“ и Д.Н.О за старт на Пиволенд

3 септември 2015

Вчеравечер Скопско Кале беше локацијата каде се собраа гурманите и љубителите на пиво и добра музика на едно место, во рамките на традиционалниот Пиволенд кој оваа година се одржува по осми пат.

Музичкиот дел од програмата, вчера стартуваше со Тони Зен и „Флека", Д.Н.О, Марлон Брандо, Lemon Bucket Orkestra, Blendet Brew што го потврдува одличниот избор на изведувачи на овогодинешново издание.

„Пет дена забава, дегустација на пиво и музика која ќе ги задоволи сите вкусови. Како и претходните години фестивалот се одржува на Скопското Кале, збогатен со голем број забавни активности и игри кои ќе придонесат за уште подобра атмосфера", велат организаторите.

Доколку го пропуштивте отворањето на настанато, имате можност да го посетите во следните четири дена, до шести септември.

Осмото издание на Пиволенд се одржува под мотото „ Дојди, види, испиј!".

Објавено:
3 септември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
830 пати