Како и секоја година, така и оваа, традиционално се одржа ручекот или собирот со сите номинирани за годинешното доделување на наградите Оскар.

Меѓу фаворитите оваа година се Натали Портман за нејзината улога во „Џеки“, Ема Стоун за „Ла, Ла, Ленд“, Вајола Дејвис за „Fences“ и Мишел Вилијамс за „Manchester by the Sea“, барем кога станува збор за жените.

Како и секогаш, просторијата во која се одржа ручекот во Беверли Хилтон во Лос Анџелес изгледаше и повеќе од магично, а истата беше декорирана со детали во виолетова боја.

Познатите холивудски дами и господа уживаа во вкусните јадења приготвени од најдобрите светски готвачи, а пиеја шампањ и црвено вино.

По ручекот, традиционално, присутните позираа за главната фотографија со која и официјално почна големата еуфорија за претстојните Оскари.

Познатите актери и актерки се номинирани во вкупно 24 категории за церемонијата што се очекува да се одржи на 26 – ти месецов.

Што се однесува до мажите, вистински убавец беше секогаш шармантниот Рајан Гослинг кој одбра црно – бел кариран костим, а подеднакво внимание предизвикаа и неговите млади колеги Дев Пател и Кејси Афлек како едни од фаворитите.

Кога сме кај ветераните, дел од традиционалниот ручек беа и режисерот и актер Мел Гибсон, Мет Дејмон и Дензел Вашингтон кои предизвикаа вистинско лудило на црвениот килим.

Во галеријата погоре погледнете ги присутните и номинирани на традиционалниот оскаровски ручек. 

Објавено:
7 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
214 пати