Традиционална матурска приредба на децата од „11 Октомври“

23 мај 2017

Денеска традиционално се одржа приредбата на децата од Домот за деца без родители „11 Октомври", која им беше посветена на полуматурантите и матурантите од оваа установа.

Со супер конципирана програма која вклучуваше различни креативни забавни точки, дечињата им посакаа многу успеси на своите другари кои оваа година го финишираат основното односно средното образование.

Матурантите и полуматурантите и годинава добија пригодни подароци од нивните долгогодишни пријатели, а традиционално и оваа година матурантките беа облечени во уникатни креации што специјално за нив ги дизајнираше модната куќа Елена Лука според скиците на средношколците кои беа избрани на конкурсот за најуспешни скици на матурски креации.

 

 

Објавено:
23 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
288 пати