Трансформација на музичкото студио на Sex Pistols

12 ноември 2014

Во студиото познато како Lansdownе House имаат снимано големи музички легенди, од Џон Ленон, па се до култните Sex Pistols. Просторот кој има богата музичка историја, од 2006 година е во сопственост на дизајнерката за ентериери, Одри Ловлок. Трансформацијата на домот траела неколку години, со цел просторот кој бил звучно изолиран и без светлина, да добие сосема нов изглед и да заличи на топол дом. Импресивниот стан има четири спални соби, галерија, мала теретана, винарија и голема тераса, која нуди неповторливо уживање за топлите летни денови и пиење на утринското кафе.

Реновираниот стан е ставен на продажба по цена од 12 милиони долари, а новиот сопственик покрај феноменално уредениот ентериер, добива и простор кој има музички печат на себе.

Преземено од Buro 24/7
Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Култура