Три фестивалски награди за претставата “Кармен” на Драмски театар

7 јули 2022

Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Кармен ја доби наградата за најдобра актерка на фестивалот „Македонско културно лето" во Пустец, Р.Албанија.

 

Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобра режија на монодрамата "Кармен" која воедно е прогласена и за најдобра претстава на Фестивалот.

На 15-то издание на фестивалот „Македонско културно лето" што се одржа од 1 до 5 јули пред многубројна публика од целиот регион на Пустец настапија неколку македонски професионални театри и хорот Св.Злата Мегленска.

Објавено:
7 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
23 пати