Тунел со јорговани во Јапонија е најмагичното место на светот

18 април 2019

Кога ќе ги погледнете фотографиите во продолжение, прво што ќе си помислите е дека најверојатно станува збор за фото – монтажа.

Тоа не е вистина, бидејќи овој рај навистина постои и е целосно направен од јорговани, па можете да си замислите како само мириса.

Станува збор за Wisteria Flower Tunnels, место кое се наоѓа во Китакјуши, Јапонија, кое е целосно обраснато со јорговани, а кое сосема нормално, најмагично е во пролет.

Сите оние кои го посетиле ова место кажуваат дека е уживање за сите сетила бидејќи истовреме уживате во глетката на јорговани во разни бои, но и во миризбата што тие ја шират.

На ова место има два тунела кои можете да ги посетите, а се долги околу 100 - тина метри, а во истите можете да погледнете 20 различни видови на јорговани или локално познати како „фуџи“ цвеќиња.

Ако сакате да го погледнете ова место во живо, тогаш морате да резервирате долго време однапред бидејќи истите се во целиот нивен сјај само една недела, по што почнуваат да паѓаат.

Посетителите велат дека во градината се чувствува неверојатен мир и спокој, па не е ни чудо што токму јоргованите биле едни од најважните симболи за Будистите, претставувајќи ја нивната молитва и потрагата за нешто божествено.

Погледнете како изгледа овој неверојатен рај на земјата.

Инфо: Popsugar, Bored Panda

Објавено:
18 април 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
322 пати