Ентериерот од домовите на познатите најчесто можеме да гo погледнеме откако истите ќе ги стават на продажба. Таков е случајот и со домот на оскаровката Мерил Стрип во Холивуд, која на продажба ја стави куќата што го носи името: Honald&Rex Research House. Називот потекнува од фактот дека објектот оригинално е дизајниран во рамките на експериментална програма за архитектонски производи.
Ваквите градби беа исклучително популарни во Лос Анџелес во текот на 50-тите и 60-тите. Домот се простира на 1130 метри квадратни, има четири бањи, четири спални соби и огромни стаклени ѕидови што го опкружуваат дневниот престој кој пак се протега на двата ката.
Ентериерот е комбинација од модерен мебел со чисти линии, додека деталите се во неутрални и топли земјени нијанси. Скалилата се меѓу најефектните елементи во просторот, додека кујната е опремена со најлуксузните уреди на технологијата.
Главната спална соба има засебна бања, во која е поставен мини-спа од каде е овозможен величествен поглед кон градот. Погледнете!