Творецот на виолини од Велес се најде на страниците на „Ројтерс“

11 ноември 2019

Самоукиот ракотворец, креатор на виолини, Светозар Богдановски од Велес, деновиве се најде на страниците на „Ројтерс" со што го привлече вниманието и на светската јавност.

Во статијата посветена на Македонецот што самиот го научил и усовршил занаетот, е посочено дека го препознаваат како светски признаен талент.

Првата виолина ја изработил пред 35 години за својот син Костадин, кој тогаш имал седум години и голем интерес да научи да свири на инструментот.

Сега виолините што ги изработува Светозар чинат 60.000 евра по примерок, додека Костадин е интернационално признат виолинист.

Инаку, целото семејство Богдановски е директно поврзано со музика, конкретно со виолините. Фросина, ќерката на Светозар исто така е успешен виолинист, додека Марија, неговата сопруга е професор по виолина.

Целата статија може да ја прочитате тука.

Фото: Фан страна - Svetozar Bogdanoski-Violins Atelier

 

Објавено:
11 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
429 пати