Убавата страна на Македонија: Жирафата и негувателот од ЗОО Скопје станаа вирален хит

17 ноември 2018

Овие денови, па можеби и години, постојат многу работи кои фрлаат неубава слика за нашата земја. Но, туку од некаде ќе се појават и такви светли моменти што ќе ве направат да си речете дека сепак не е сè изгубено - успесите на спортистите, музичарите, позитивни приказни од секојдневниот живот, емпатијата меѓу луѓето што сè уште не е изгубена, како и љубовта, радоста, насмевката...

А токму вакви топли чувства вчера предизвикаа и фотографии од Зоолошката градина во Скопје, кои станаа вирален хит!

Фотографот на „Нова Македонија“, Горан Анастасовски, успеа преку неколку фотографии да раскаже приказна посилна од сите лоши - приказна за љубов, нежност, пријателство, посветеност... И тоа беше повеќе од доволно да го обиколат светот.

Имено, негувателот Ристе и жирафата од ЗОО во Скопје се најдоа првин на сајтот „Bored Panda“, благодарение на фотографот Анастасовски, кој и ги сподели, по што следеа објави и на други светски медиуми како beetzer.com; shnyagi.net; pressa.tv; а една од фотографиите стана и една од омилените фотографии на уредниците од „National Geographic“.

Браво за Горан и му благодариме и нему и на сите фотографи кои со своите фотографии помагаат светот да дознае за убавата страна на Македонија!

 

Сите фотографии погледнете ги на Bored Panda!

Објавено:
17 ноември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
15.404 пати