Убавина: Џос Стоун и Тања Царовска заедно ја пеат „Ој, Јано, Јано“

6 април 2021

Британската музичарка Џос Стоун ја изненади публиката со изведба на уште една македонска песна. Овој пат се работи за народната „Ој, Јано, Јано“, а ја изведува во друштво на нашата Тања Царовска.

„Во Црна Гора се сретнавме со пејачката, текстописец и композитор, Тања Царовска.  Таа прекрасна, има страстни текстови и убави мелодии и беше прекрасно што ја запознав. За вас ќе испееме една прекрасна песна, се надеваме дека ќе ви се допадне“, вели во најавата Стоун.

И нема потреба од дополнително објаснување, бидејќи нивните гласови и убавата мелодија на познатата народна песна, овој пат во една малку изменета, но фантастична верзија, говорат повеќе од сите зборови.

Уживајте:

 

 

Објавено:
6 април 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.893 пати