Се случи долгоочекуваната премиера на „Убиство во Ориент Експрес“

3 ноември 2017

Се случи долгоочекуваната премиера на римејкот „Убиство во Ориент Експрес“, кој го режираше Кенет Брана. Филмот е сниман според детективскиот роман од 1934 напишан од Агата Кристи. Главен лик во романот е најпознатиот лик на Кристи, Херкул Поаро. Дејството е сместено во познатиот воз Ориент Експрес, каде во вагонот во кој патува Херкул Поаро се случува убиство, а секој од сопатниците е можен виновник за злосторството.

Во филмот играат Пенелопе Круз која на црвениот килим заблеска во црн долг фустан. За неа ретко кој може да каже дека направила извесно промашување на црвениот килим.


Мишел Фајфер се одлучи за металик тоалета и исто како и Пенелопе, блескаше.

Премиерата се одржа во Лондон,a се појавија и Џуди Денч и Дерек Џејкоби. Најдобриот балетан на светот, Сергеј Полунин, го има своето прво деби како актер токму во овој филм.

Џони Деп изгледа одлично и покрај целиот негативен PR што се случуваше околу него, после разводот со неговата жена Амбер Херд која го обвини за насилство и сиот новинарски свет беше свртен против него.

Вообичаено е кога се прави римејк на веќе успешен филм треба многу да се внимава од многу аспекти. Критиките веќе денес зборуваат дека се работи за одличен филм. Кон средината на ноември најавена е премиера и во кино салите кај нас.

Објавено:
3 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
662 пати