Ученици од Берово ѝ приредија емотивно изненадување на својата наставничка

12 јуни 2020

Еден убав гест на основци од Берово, деновиве е светла точка во напливот од негативни вести.

На 10-ти јуни, по повод крајот на училишната година, учениците од 5а одделение од основното училиште „Дедо Иљо Малешевски" од Берово, ѝ приредија пријатно изненадување на својата наставничка Христина Џамбаска.

Организирано, а притоа почитувајќи ги сите мерки за физичка дистанца, учениците се појавија пред домот на учителката и ја повикаа да излезе на тераса.

„Денеска е денот кога учениците ја завршуваат учебната година, со радост и тага. Еден убав гест на Четвртматурантите од 5а одделение при ООУ "Дедо Иљо Малешевски" - БЕРОВО докажаа и покажаа дека и во време на Корона може да се покаже блискот и љубов кон драгите личности, а притоа почитувајќи ги и мерките за заштита. Ова е доказ дека ЉУБОВТА е над се', а да се биде наставник е гордост, а уште погордст е да си ученик на ваков добар наставник. За последниот час и разделбата кој требаше да се одржи преку ученичката апликација, учениците по сите пропишани мерки ја поканија да излезе на тераса пред нејзиниот дом. Солзите радосници на наставничката Христина Џамбаска доволно говорат за тоа", се вели во описот на видеото во кое ќе имате можност да го проследите емотивното изненадување што учениците го подготвија за својата наставничка.

Видеото е преземено од фан страната Берово Метропола.

Објавено:
12 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.954 пати