Уште една мала хероина на Клиниката за детски болести се избори со ракот – Хилал си оди дома здрава!

7 септември 2020

Викендов Клинката за детски болести нè израдува со уште една убава вест: малата Хилал се покажа како голем херој, се избори со ракот и заѕвони на ѕвончето како поздрав дека си оди дома здрава и насмеана!
Зад неа се деветте месеци борба со тешката болест, а пред неа е среќно детство во надеж за безгрижност.


По повод оваа убава вест се огласи и министерот за здравство, Веко Филипче, кој потсети дека септември е месец посветен за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти.

„Хилал си оди дома здрава и насмеана, среќна дека се избори со болеста! Таа се лекуваше на хематолошкото одделение на Клиниката за детски болести. Во месецот посветен за подигнување на свеста за карцином кај деца и адолесценти, Хилал заминува дома. Септември е "златен" месец, а златната лента е симбол за поддршката на децата болни од рак и нивните родители. Златната боја е боја на храброста и упорноста. Огромна благодарност до детската клиника за неисцрпната сила што ја даваат во третманот на нашите мали, големи херои!", напиша министерот на својот профил на Фејсбук.

*Видеото е одобрено од родител.

Објавено:
7 септември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
206 пати