Уште една убава вест: МНТ ќе овозможи да гледаме претстави онлајн

17 март 2020

Со цел да имаме што поквалитетна содржина во периодот кога сите треба да ги почитуваме препораките, и МНТ се приклучи со свој придонес.

Имено, од утре со почеток од 20 часот ќе можеме да гледаме претстави онлајн.

„Бесплатно преку нашиот „Јутјуб“ канал можете да ги гледате претставите со следниот распоред:

18.03 - „Сомнително лице“

19.03 - „Изгубени Германци“

20.03 - „Парите се отепувачка“

23.03 - „Да тргнеме Сењор“

24.03 - „Мајсторот и Маргарита“

Останете дома, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн“ порачуваат до МНТ.

 Линк - „Јутјуб канал МНТ

Објавено:
17 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.042 пати