Утре се отвора најголемата книжарница во Македонија

19 мај 2020

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која е со површина од 500 м², свечено ќе биде отворена утре, среда (20.05.2020) во 20 часот, во соработка со „Скопје сити мол“.

Во чест на отворањето на Literatura.mk Superstore. концерт ќе одржи „Влатко Стефановски Трио“. Ексклузивниот настап на македонскиот гитарски виртуоз, придружуван од неговиот син Јан Стефановски и младиот басист Иван Кукиќ, ќе може да се проследи онлајн, преку фејсбук-профилот и јутјуб-каналот на „Литература.мк“.

Книжарницата, која има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар, е сместена на вториот кат на „Скопје сити мол“.

Ова е седма книжарница на „Литература.мк“, а по повод официјалното отворање на книжарницата ќе има промотивна акција со 30% попуст на сите изданија на „Арс Ламина“, и подарок книга за секоја сметка во период од 20 мај до 1 јуни (до исцрпување на резервите).

Продажниот простор на „Литература.мк“ работи согласно работното време на „Скопје сити мол“, од 10 до 18 часот.

 

фото:facebook.com/skopjecitymall

Објавено:
19 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
881 пати
Тагови: 
Литература.мк