Утре во Националната опера и балет: Василичарски концерт со „Најголемите хитови“

11 јануари 2021

Националната опера и балет ја продолжува традицијата востановена пред повеќе од 25 години и во вторник, 12 и среда, 13 јануари, 2021 г. со почеток во 20 часот, ќе го одржи гала концертот по повод празникот „Василица“.

Оваа година концертот носи наслов „Најголемите хитови“, односно, направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти, со симфониски аранжмани. Публиката ќе има можност да ужива во популарните светски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Почитувајќи ја традицијата на нашиот народ да ја прославува т.н. „Стара Нова Година“, Националната опера и балет го востанови овој концерт во 1993 година и низ годините потоа, тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Билети на билетарницата на Национална опера и балет и онлајн на www.operabalet.mk

Објавено:
11 јануари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
147 пати
Тагови: 
Василица