В недела почнува новата сезона „Еден на еден“

21 октомври 2019

„Десета сезона ќе биде посебна, затоа што е последна“, ни изјави Жарко Димитриоски за „Еден на еден“ минатата година. Но, видеото кое деновиве кружи по социјалните мрежи, ја најави новата, 11 сезона. 

Сашко Коцев, Дарко Панчев, Жељко Самарџиќ, Неле Карајлиќ, ДНК и други го изразија своето мислење за тоа што Жарко Димитриовски успеа дури 11 години да опстои во медиумскиот простор.

 Да, тв шоуто ќе продолжи да се емитува и повторно ќе остане единственото од забавен карактер во домашна продукција, што е уште една од причините да му останеме верни гледачи.

Првата емисија ќе се емитува в недела, 27.октомври, со почеток до 18.30 часот на Канал 5 телевизија, а гост ќе биде Перо Антиќ.

 Тимот на Fashionel.mk powered by Elena Luka се радува што и трета сезона по ред ќе се погрижи за изгледот на Жаре. Како и до сега, ќе се потрудиме да ја задржиме елегантната нота која водителот ја преферира, а во комбинација со модели во актуелни бои, кроеви и принтови достапни од бутикот „City Fashion“, односно брендот „Pierre cardin“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk) onJun 17, 2019 at 6:46am PDT

 „Комфор е тоа што и пред да биде оваа соработка, ние се познававме. Сакам да работам со луѓе со кои сум комфорен, само тогаш има ќеиф во работата. Ако има грутка или ако не се чувствувам слободен да кажам што мислам, тогаш ништо. Облеката е нешто многу важно и откако почнавме да работиме со вашиот професионален тим, почнав да добивам и реакции од типот на „Што ти се случило со вкусот, многу ти се подобрил" и затоа немаше двоумење дека ќе бидеме тим“, ќе каже Жаре.

За новата сезона ќе оди и нова најавна шпица, со фокус токму на модата и 11-ката. Исто така, од тимот откриваат дека гостите ќе бидат пречекани во нов амбиент, односно ќе има променета сценографија, а гледачите ги очекуваат мноштво интересни содржини кои ќе го подобруваат расположението секоја недела попладне.

Сè е подготвено за нови приказни и дружења!

На здравје! :)

Објавено:
21 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
184 пати