„Ван Гог“ ја промовираа монографијата „Трагови прошлости“ пред македонските фанови

19 февруари 2016

Денеска во пријатна дружба со македонските фанови во „Децата од нашата улица", членовите на рок составот „Ван Гог" ја промовираа својата монографија „Траговри прошлости" која беше прогласена за најдобра фото монографија на саемот на книга во Белград.

„Монографијата ние всушност ја викаме стереографија и тоа е книга која го следи развојниот пат на сонот на едно момче. Оваа книга на наша голема радост и инсистирање никогаш нема да доживее второ издание, а со самото тоа, според мислењето на многубројните фанови на групата „Ван Гог", книгата има колекционерска посебност", кажа фронтменот на групата, Звонимир Ѓукиќ-Ѓуле.

Инаку „Ван Гог" на вчерашната манифестација „Златна Бубамара" добија признание за трајни музички вредности, на 30-годишниот јубилеј од нивното постоење.


По овој повод, тие најавија и концерт во Скопје на 10 јуни, како и концертна турнеја низ повеќе градови во Македонија.

Денешнава промоција ја заокружија со најава дека новиот спот ќе биде снимен на повеќе локации низ нашата земја, а дружбата продолжи со изведба во живо на неколку песни од последниот албум.

Објавено:
19 февруари 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
603 пати