Видео: Актерите-доктори од сериите им упатуваат благодарност на вистинските доктори!

8 април 2020

Актерите од повеќе телевизиски серии во кои тие играат улога на здравствени работници, се собраа во едно видео за да им упатат благодарност и морална поддршка на вистинските здравствени работници кои сега се борат во прв ред со вистински проблем со кој се соочува целиот свет.

Видеото вчера на Светскиот ден на здравјето, го објави актерката Оливија Вајлд која всушност е и иницијаторот за истото, на својот профил на Инстаграм, а во него се појавуваат познати доктори од тв екраните: Нил Патрк Харис, Патрик Демпси, Сандра О, Кејт Волш, Доналд Фејзон, Питер Џекобсон, Лиза Еделштајн, па и Џенифер Гарнер која беше во улога на доктор во филмот „Dallas Buyers Club".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Olivia Wilde (@oliviawilde) onApr 7, 2020 at 4:35pm PDT

„Во име на сите актери доктори, би сакале да им се заблагодариме на вистинските здравствени работници – суперхероите во првите борбени линии во оваа криза. На овој светски ден на здравјето, ве молиме имајте во предвид да донирате за да се купи есенцијална опрема за овие борци што си го ризикуваат животот за нас", стои во описот на видеото.

Светот се здружува за на било каков начин да им помогне на здравствените работници, кои сега во овој клучен момент за човештвото, најголемиот товар го носат на себе.

Затоа, останете дома! Така и вие ќе им помогнете.

 

Објавено:
8 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
265 пати